На 187 страни составена од неколку делови, а секој дел содржи по неколку поглавја е напишана новата книга посветена на црквата „Св. Петка“, а насловена како „Св. Петка“.
„По предлог на членовите на Иницијативниот Одбор за изградба на црквата „Св.Петка“, уште на самиот почеток од работата на одборот и градењето на црквата, донесена беше одлука да се изработи една публикација во која ќе бидат забележани сите настани и активности, а кои ќе се одвиваат околу и напоредно со изградбата на црквата“, посочи Наде Караџоска автор на книгата.
Во книгата се застапени сите градежни активности, донаторски конференции, хуманитарни концерти, натпревари, забави и слично, кои биле организирани за црквата.Ова дело составено од неколку дела, ќе остави вечен спомен на корените и историјата на црквата која по 100 години се изгради во Прилеп.
[Best_Wordpress_Gallery id=”126″ gal_title=”Kniga_SvPetka”]