Според најновиот извештај на рускиот Совет за безбедност, лидерите на американската елита се во шок и страв, затоа што Доналд Трамп успеа да воспостави контрола над преостанатите американски медиумски гиганти.
Всушност, извештајот наведува дека масонските сили на чело со Доналд Трамп ја преземаат контролата над САД, како и тоа дека истите сили во понеделник, 25.април, ги купиле медиумските новинарски сервиси на американската елита, со што Трамп ќе стане сопственик на скоро 75% од медиумските компании.
Преземањето на мејнстрим сервисот Трибјун Паблишинг го покренала компанијата на Трамп Џенет Компани која исто така е сопственик на популатниот весник USA- Today.
Сепак, се наведува дека главната сила зад преземањето на овој новински сервис е Аlden Global Kapital, што претставува еден од најтајните фондови во светот.
Аlden Global Kapital е основан во 2007. година и има отворени канцеларии ширум светот, но за овој фонд не се знае многу, затоа што неговиот мистериозен сопственик, Рандал Смит, е еден од најтајните луѓе во Америка, кој нема ниту едно интервју од осумдесетите години на минатиот век и чија фотографија не може никој да ја најде.
Извештајот на Федералните безбедносни служби (FSB) за Рандал Смит наведува дека тој има 73 години и дека во шеесетите години дипломирал на Школата за финансии и трговија Вартон во Пенсилванија, каде исто така бил ментор на идниот колега Доналд Трамп.
За да во потполност ја сфатиме поврзаноста со Smith и школата во Вартон, потребно е да објасниме дека таа школа ја основал Џозеф Вартон, еден од најмоќните американски индустријалци на 19.век, посветен масон и поддржувач на претседателот Вилиам Мек Кинли (кој се залагал за американско-руски сојуз за Америка да се ослободи од Британската Круна), но и поборник на американскиот економски протекционизам.
Иако школата Вартон во изминатите 8 децении ја промени својата првобитна основачка идеологија, се наведува дека сржта на таа идеологија е пренесена на студентите од масонските семејства, како што се Рандал Смит и Доналд Трамп.
Аналитичарите од FSB навеле дека Доналд Трамп во 2007. година го започнал своето планирано преземање на САД, регрутирајќи го својот масонски сојузник и накогашен ментор Рандал Смит, да го воспостави Аlden Global Kapital фондот, па потоа тој започнал да купува и вложува во американските медиумски компании, вклучувајќи и вложувања во Џенет од скоро 150 милиони долари. Трибјун Паблишинг е само последната во низата медиумски куќи кои ги купи овој фонд.
Значи, Доналд Трамп и Рандал Смит ги искупиле скоро сите поголеми американски медиумски компании пред изборите во 2016. година, поради што американската елита веќе не е сигурна како ќе успее да го порази Трамп.
A.Г.