Ова традиционално јадење можете да го подготвите и за време на постот ако го подготвувате вака.
Состојки:
3 главици кромид
2 моркови
2 чешниња лук
250 грама соини трошки
Сушени растителни зачини
Сол, бибер
100 грама доматно пире
Пире од 500 грама комири
Подготовка:
- сварете ги трошките од соја и исцедете ја водата. Пропржете го кромидот, морковот, па додадете ги соините трошки и зачини. Можете да додадете и две до три капки бело вино. На крај ставете и доматно пире.
- Направете пире од компири, а потоа поделете го на два еднакви дела. Во плех ставете половина од подготвеното пире, па ставете фил и на крајот остатокот од пирето.
- Печете во рерна на 200 степени околу 20 минути. Јадењето може да го служите и ладно.