Иако многу луѓе сметаат дека тупото гледање во екранот им штети на младите, докажано е дека играњето на компјутерски игри ги подобрува когнитивните способности. Имено, според најновото истражување, се направила споредба со помош на магнетна резонанца на 27 професионални гејмери и 30 играчи аматери.
Резултатите од истражувањето објавено во весникот “Nature”, покажуваат дека кај професионалните гејмери е забележана супериорна поврзаност во мозокот, односно дека нивниот мозок многу побрзо ги обработува информациите, пренесува Индепендент.