Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсел, денеска правеше свадба, а меѓу големиот број гости и политичари, тука беше и рускиот претседател Владимир Путин.
Путин на свадбата пристигна со букет цвеќе, но букетот не беше единствениот поклон за министерката и нејзиниот избраник, мултимилионерот Волфганг Меилингер.
Путин се погрижи со себе да го донесе познатиот руски хор “Кубан Косак”, што беше дополнителна забава за присутните гости.
Путин на прославата пристигна со претседателскиот конвој и покрај тоа што се пишуваше дека ќе пристигне со хеликоптер. Тој во својот автомобил патувал со поранешната прва дама на Австрија, Маргот Клестил – Лофлер и поранешниот амбасадор на Русија.
Невестата и нејзиниот избраник пристигнале со кочија.
После час и 20 минути Путин се упатил кон аеродромот во Грац од каде замина на средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.
Putin is in Austria for a wedding pic.twitter.com/CLrHfL1arI
— Russian Market (@russian_market) August 18, 2018