Матичните лекари и стоматолози од општина Прилеп денес излегоа на протест пред подрачните служби на Фондот на здравствено осигурување (ФЗОМ) поради незадоволството на здравствената политики на Министерството за здравство и Фондот.
Матичните лекари рекоа дека овој протест и израз на револт на стогата политика и побараа укинување на казнената политика во Договорите на Фондот. Токму затоа која што според нив владеела во Македонија изминатиот период голем број на нивни колеги ја напуштиле државата за да работат во странство, јавува Сител.
Лекарите потенцираа дека доколку продолжи ваквата практика на казнена политика дека тие повеќе нема да бидат во можност да работат и дека примарната здравствена заштита е фундаментот во една држава и порачаа дека доколку државата сака тие да останат во Република Македонија тогаш ќе мора комплетно да се промени односот помеѓу нив, а во спротивно се заканија дека нема да ги потпишат предлог Договорите на фондот.
“Она што последно ни беше понудено од страна на Фондот за здравствено осигурување, казните се однесуваат на целосна капитација. Што значи тоа? Многупати во јавност се меша плата на лекар со капитација. Капитацијата е буџет со кој располага здравствената установа и сега во текот на еден месец ако се случи пример казна од таков тип, тогаш како би работела здравствената установа”, прашува доктор Билјана Зајкоска Трајкоска во вестите на Сител.
Таа додаде дека изминатиот период се поголем број на лекари заради лошите здравствени политики се иселуваат од Македонија и бараат работа во странство.
“Морам да нагласам дека заинтересираноста на младите лекари да дојдат да работат во примарна здравствена заштита е многу мала, скоро никаква. Повеќето од колегите како што и самите знаете последните години заминуваат во странство. И тука треба да се земе во предвид дека изминатите години од Македонија не се иселуваат само лекари туку се иселуваат и сите други жители на оваа држава, со оглед на тоа дека ние сме по број на пациенти, капитацијата која што ја добиваме се намалува”, додава таа.
Во ист период има и протест на стоматолозите во Прилеп кои што протестираат пред Здравствениот дом. Матичните стоматолози не се согласуваат со предлог Договорите на фондот.
Матичните лекари водат преговорите моментално се водат со Фондот ќе завршат позитивно
Претседател на регионалниот одбор на стоматолози Дафина Богеска во вестите на Сител истакна денеска протестираат се со цел да го искажат револтот на матичните стоматолози, нагласувајќи дека матичните стоматолози работата во загуба и една просечна плата на стоматолог во Македонија е 15.000 денари.
“Денеска излеговме да го искажеме револтот за Договорот кој што не го испорача Фондот. Значи договорот од фондот поставува некои барања од нас кои немаат исплата на средства за осигурениците. Така што бараме под итно да се почнат разговори во насока за промена на досегашниот модел на исплата со цел усогласување со Законот за здравствено осигурување, бидејќи, сегашниот договор е против законски. Бараме да се зголеми годишниот буџет на стоматолозите кои во моментот е помалку од 1 процент од вкупниот Буџет на здравство, односно една четвртина од буџетот на општите лекари. А исто така бараме да се корегира мрежата спрема нормативите за економска исплатливост на една ординација. За да се усогласи договорот со Фондот, бараме во меѓувреме да се потпиши Анекс на стариот договор, бидејќи под овие услови не може да се работи. Стоматолозите се во загуба и просечна плата на еден стоматолог во моментот на ниво на Македонија е 15.000 денари”, вели таа.
Богоеска додаде дека протестот е подржан во сите градови.
Од друга страна пак од Клинички центар преку соопштение бараат да се покачи платата на сите здравствени работници а не само на докторите специјалисти за 10 проценти.