Караванот “Македонијо во срце те носиме” синоќа беше во Прилеп, на огромна радост на прилепчани.
На преполниот плоштад “Методија Андонов – Ченто”, публиката уживаше во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“…, но и гласовите на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.
Развиорени знамиња, стотици пееја во еден глас, една прекрасна атмосфера од која вредеше да се биде дел.