Прилепчанец фатен во измама: Се coмничи дека пpoневepил 185.000 денари

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Љ.Г.(39) од Прилеп и правно лице од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.

Во текот на 2016, Љ.Г. поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување, доставена до Центар за вработување Прилеп и пријава за користење на грант, согласно условите од Програмата. По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил Договор со АВРМ и УНДП, по што искористил средства во висина од 185.000 денари за набавка на опрема и материјали.

Меѓутоа, спротивно на договорот и обврските, тој воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во текот на 2019 била ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно со Договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Буџетот на Република Македонија во износ до 185.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.