Четириесетти ден масовни протести “За заедничка Македонија” во Прилеп. Секој ден се помасовни и се побројни, илјадници прилепчани и вечерва излегоа низ градските улици, во одбрана на својата татковина.
На граѓаните вечерва им се придружија и моторџиите од градот херој, кои застанаа рамо до рамо со своите сограѓани, давајќи поддршка за единствена и слободна Македонија.
Грмеше и ечеше градот, црвено-жолтиот превез, патриотските песни и гневни пароли кон предавниците на сопствениот народ, беа одлика и вечерва.