ПРИЛЕПСКИ РОК ЗА УЖИВАЊЕ! Промовирана првата авторска песна и видео запис на “Vinyl Bandits” (ФОТО+ВИДЕО)

Популарните “Банда бенд”, сега ребрендирани и подновени како “Vinyl Bandits”, во петокот под Градскиот часовник во Прилеп, пред многубројна публика, ја промовираа првата своја авторска песна и видео запис, насловена како “Сенка”.

Одличните рок звуци ги фасцинираа прилепчани, а настанот беше проследен со многу енергија.

Текстот за песната е дело на фронтменот на бендот, Александар Бошкоски, а музиката и аранжманот на Илија Чакароски, Александар Бошкоски, Давид Ангелески и Христијан Јованоски.

Спотот е сниман во студиото на Илија Мирчески, додека за микс и мастеринг се погрижи Александар Шилоски.

Песната е веќе достапна и на Јутјуб каналот од бендот, па во продолжение уживајте:

Еве како изгледаше и промоцијата во центарот на Прилеп:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.