Претседателот на Авганистан Ашраф Гани избега од земјата со хеликоптер полн со пари, соопшти денеска агенцијата Тасс од руската амбасада во Кабул.
Пристигнаа четири автомобили полни со пари, а беше направен обид да втурнат повеќе пари во хеликоптерот, од кои одредена сума остана на подот на аеродромот, пренесе Тасс.
Гани вчера ја напушти земјата со цел, како што изјави, да спречи крвопролевање, откако Талибанците влегоа во Кабул, пренесува Танјуг.
По заминувањето на Гани, Талибанците објавија дека воспоставиле контрола над сите области во главниот град на Авганистан, Кабул.