„Препечен кокос“ е новиот тренд за фризура кој ги излуди жените

Секоја бринета која барем еднаш се обидела да ја бојадиса својата коса во плаво знае дека тоа не е баш брз и едноставен процес.

А дури и кога ќе успеете да ја постигнете посакуваната нијанса, по неколку недели се појавува израсток поради кој не неопходно да посетите фризер повторно. Но, новиот тренд во фарбањето на косата тоа го олеснува.

Т.н. нијанса на препечен кокос е најавена како хит на есента и носи совршено освежување за бринтетите, без многу труд.

Станува збор за модерна варијанта на омбре трендот кој ви допушта да го задржите темниот корен и со самото тоа го олеснува оддржувањето на бојата.

За разлика од класичното омбре, новата техника има помек прелаз од смеѓа во плава нијанса и боите изгледаат како да се пеливаат една во друга.

Оригиналната нијанса на печен кокос вклучува темен, природен корен и ледено плави врвови. Поради лесниот прелаз бојата делува поприродна отколку кај класичното омбре, иако истовремено е ефекетна па ќе го трансформира вашиот изглед.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.