Предвелигденски концерт на градскиот хор “Св. Петка”

Predveligdenski koncert na crkovniot hor

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово во вторник 26 април од 19.30 часот во салата од кино Мис Стон  градскиот хор ,,Света Петка,,  ќе одржи Предвелигденски рецитал.  На програмата ќе се најдат дела од православни композитори од Македонија и ширум православниот свет, тематски поврзани со смислата на Воскресението. Ќе се чујат композиции од Корсаков, Архангелски, Валјаев, Бадев, Кирил Македонски, Гоце Секулоски.

Ова ќе биде осми јавен настап на хорот од неговото формирање и делување при новоизградениот храм Света Петка во населбата Точила, а под раководството на м-р Гоце Секулоски.

Во предстојниот период, покрај духовната програма, прилепската публика ќе може да очекува од хорот и концерти со познати дела од останатите музички жанрови – класичната музика, делата на македонските композитори, како и аранжмани на познати поп песни од англиското говорно подрачје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.