Првороденото бебе во Прилеп, во 2017 година е девојче. Бебето е родено околу 5 часот по полноќ во општата болница „Борка Талески “. Наталиа Велјаноска ,која по трет пат станува мајка , по двата сина кои ги има, е среќната родилака ,која на свет во новата 2017 донесе здраво женско бебе!
„Бебето е родено со тежина 3 кг. и заедно со мајката се во одлична состојба“- изјавија од одделението за гинекологија во градската болница „Борка Талески“. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ги посети мајката и новороденчето им врачи пригодни подароци и штедна книша со 15 илјади денари,при тоа посакувајќи им многу радост, здравје и среќа.