Според традицијата штрковите секоја година на пролет доаѓаат во Пелагониските населени места, најмногу во прилепско Боротино и во Кривогаштани, а за празникот Св. Пантелејмон на 9. август заминуваат во топлите краишта.
Но, тоа не било случај со овој осамен штрк кој го забележавме денеска на еден од дуќаните во прилепската Стара чаршија.
Штркот кратко време се задржа на покривот од дуќанот, а потоа одлета, па бидејќи не изгледаше дека е повpeден ќе се пошегуваме.
Веројатно немал ПЦР тест или не бил вакциниран што останал во нашите граници…
Шегата настрана, доколку некој го забележи на својот покрив или двор нека се обиде да го згрижи, за да ги преживее ладните месеци од зимата.