Порака до градоначалникот: “Ти да ја заштрафиш таблата дека Александар е Грк”

По шахтите, одредбите од Преспанскиот договор се применија и за спомениците во центарот на Скопје на најмаркантните личности од историјата. На плоштадот Македонија на фонтаната од постаментот Воин на коњ надлежните за споменикот напишаа – „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ.“

Од Општина Прилеп рекоа дека ваква информативна табла деновиве ќе биде поставена и на споменикот на Александар Македонски во Прилеп.

Toa предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а една од пораките упатени до актуелниот градоначалник Илија Јованоски гласи:

“Градоначалниче бараме од тебе лично да ја заштрафиш таблата на споменикот на Александар Македонски во центарот на Прилеп на која пишува дека Александар бил Грк и од нас имаш 10.000 ЕВРА за таа креативност! Тоа ли го ветуваше градоначалниче кога одеше од куќа во куќа за време на изборот?”, пишува во пораката упатена до Јованоски.

Пораката е проследена и со фотографија на Јованоски на која е испишано едно од неговите предизборни ветувања, дека општината ќе доделува по 10.000 евра на млади со креативни бизнис идеи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.