Полицијата и инспекторите влегле во рудник во прилепско: Нашле Турчин кој нелегално престојувал во земјава

На 19.07.2023, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ, во содејство со инспектори од Одделението за прекуграничен криминал и трудова инспекција извршиле контрола во рудник во прилепско, при што било констатирано дека Ц.Ц.(37) од Република Турција незаконски престојувал во државата.

Тој бил приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок според Законот за Странци – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.