Пожар во археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани: Изгорела дел од опремата за ископување

На 18.08.2023 околу 15.00 часот во СВР Битола е пријавено дека настанал пожар во атар на с.Славеј од кој бил зафатен дел од археолошкиот локалитет „Врбјанска Чука“ во атар на с.Славеј, општина Кривогаштани, при што била опожарена дел од опремата за ископување која се користи во локалитетот во сопственост на Центарот за истражување на праисторија – Скопје.

Пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.