Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела –Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.
На 9 март 2020 година со употреба на погоден клуч-калауз во 10.00 часот провалиле во стан на бул. „Јане Сандански“ во Скопје. Од таму одзеле предмети и пари во вкупна вредност од 171.300,00 денари од кои златни парчиња накит во вредност од 103.550,00 денари и парични средства во вредност од 67.750,00 денари – информираат од државното јавно обвнинителство.
Дента, на ист начин, околу 11.30 часот провалиле во стан во близина, каде одзеле златен накит во вредност од 91.350,00 денари и парични средства во висина од 49.200,00 денари, се во вкупна вредност од 140.550,00 денари.
Јавниот обвинител ги зеде предвид околностите во кои биле извршени кривичните дела, како и постоењето на опасност од бегство или криење на обвинетите, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерките притвор,кои на обвинетите претходно им беа веќе определени.