Интензивните врнежи од дожд кои од синоќа го зафатија поголемиот дел од Македонија, во Прилеп повторо го преполнија речното корито на Градска Река, особено во долното течение.
Граѓаните од овој дел на градот одново стравуваат дека водата може да им навлезе во дворовите и домовите, како и при секој поголем дожд.
Проблемот е со години, па граѓаните бараат да се изнајдат начини и што поскоро да се уреди коритото на реката во овој дел од градот.