По 18-ти пат, над 400 деца од различни градови, религии и целни групи, го славеа Божик на една трпеза во Прилеп (ФОТО)

По 18-ти пат во Прилеп, а во организација на “Детската амбасада за сите деца во светот”, се одржа традиционалниот Божикен ручек.

Над 400 деца од повеќе градови од Македонија, од различни целни групи и различна религиозна припадност, седеа и се дружеа на една заедничка трпеза во хотелот “Салида”.

„Децата му се особени мили на Бога, бидејќи и самиот тој најпрвин бил дете. И ние, како возрасни треба да учиме од нив , оти тие се најчистите и најискрените божји созданија. Со раѓањето на Синот Божји во темната пештера која ја осветли и освети Бог, Христос Спасителот таму каде што ангелите пееа песна „Слава на Бога во висините, а на Земјата мир и меѓу луѓето добра волја и бешесоздадено светото семејство. Ете, по тој принцип и во тој дух и Ние денеска сме тука на ова поголемо семејство од собрани дечиња“, порача владиката Петар кој ја благослови празничната трпеза.

Kaко и секоја година и оваа, општина Прилеп го поддржа настаност и на дечињата им додели новогодишни колетчиња.

„Божик е празник на љубовта и хуманоста. Треба да помогнеме сите и во овие денови организитаме и неколку хуманитарни акции се’ со цел да им се помогне на оние на кои помошта им е неопходна“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

„Морам да кажам дека еуфоријата не’ понесе. Ова е 18-ти Божикен ручек, традицијата профолжува и се надевам дека ќе остане наследство на нашите поколенија. Имаме гости од Струмица, Тетово, од Куманово, нашите гостинчиња од Прилеп, од Крушево, од Битола. Среќни сме што денеска на заедничка трпеза ќе седнат дечиња од разни целни групи“, – посочи Александра Северкоска – Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада „За сите деца од светот“.

На оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание го доби компанијата А.Д.„Прилепска пиварница“.

Покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, Детската амбасада додели и плакети за пријател на децата, кои оваа година им припаднаа на: ДОО „Бимфуд“ од Прилеп и „Фан продукција Зоран“ од Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.