Колку пати ви се случило по интензивно вежбање да ве мачи болка во мускулите? Тешко ви е да станете, седнете и со денови пиете нешто против болки во мускулите…
Еве неколку намирници кои ќе ви помогнат да се смири воспалението на мускулите и кои ќе ви дадат енергија.
Боровинки
По тренингот изедете овошна салата богата со боровинки. Не само што се вкусни, туку се и моќен антиоксиданс кој ја намалува болката и го поттикнува закрепнувањето на воспалените мускули.
Ананас
Ова овошје е богат извор на ензимот бромелин. Бромелинот е природна состојка која го смирува воспалението на мускулите кое може да настане по сериозниот тренинг.
Грав
Нивото на калиум во телото по исцрпниот тренинг може одеднаш да опадне и да предизвика слаби рефлекси, како и негативно да влијае на нервите и движењето на мускулите. Доза грав кој е богат извор на калиум може да биде идеален оброк по вежбањето.
Млеко
За да ја надоместите течноста која сте ја загубиле за време на вежбањето најдобар начин тоа да го направите е да испиете чаша млеко која содржи доза натриум и калиум многу повеќе од било кој енергетски пијалок.
Кељ и спанаќ
Зелениот зеленчук, како спанаќ, брокула и кељ е богат со калциум и магнезиум и е перфектна опција доколку имате воспаление на мускулите.