Членовите на македонското патриотско здружение “Пере Тошев” го посети домот на пратеникот од редовите на СДСМ Хари Локвенец и побара од него да ја отфрли така наречената “албанска платформа”.
Пратеникот Локвенец од Прилеп е еден од челните луѓе на сегашното раководство на СДСМ, кој беше и кандидат за градоначалник на општина Прилеп во 2013 година, кога и катастрофално загуби од Марјан Ристески.