Палачинки по бабин рецепт: “Стела Фуд” на Зоран и Билјана Михајлоски од Прилеп, причина за милион слатки задоволства

Фирмата “Стела Фуд” на семејството Михајлоски од Прилеп е нова на пазарот, но функционира како да постоела 100 години. Зоран и Билјана Михајлоски се млад брачен пар кои својата идеја ja претвориле во реалност благодарение на кредитите за самовработување на Владата на Република Македонија и Агенцијата за вработување.

BeFunky Collage

Да се стане претприемач е тешка задача, а уште потешко е да се избориш и да се носиш со пазарот, да се развиваш и да чекориш кон нови достигнувања и освојување на нови пазари. На Михајлоски тоа им оди од рака.

1

Нивната палачинкара започна со работа од месец октомври минатата година и за кратко време нивните палачинки се најдоа на секоја втора трпеза во градот под Марковите Кули.

16177025_10210216058309374_981184770_n

Вкусните палачинки брзо ги освоија прилепчани, а со нив се засладуваат и во Велес, Кавадарци, Скопје и Охрид.

Осумте вработени деноноќно работат да ги задоволат апетитите на сите кои сакаат да го вкусат овој посен рецепт кој освојува од првиот залак и никогаш не ве остава рамнодушни.

16144376_10210216057949365_1829676972_n

Екипата на Маркукуле го посети производствениот капацитет на Михајлоски и се увери во квалитетот и магијата на нивниот производ. Едноставно се добри со се, одлично одат со мармалад, чоколаден прелив, еурокрем, мед, но супер се вклопуваат и со шунка и сирење.

16215952_10210216055949315_717210709_n

“Сакам да станеме бренд, да го брендираме нашиот производ како единствени палачинки кои се произведуваат според домашен бабин рецепт. Сакаме да станеме препознатливи и да допреме до сите потрошувачи, да им понудиме нешто вкусно, што секојдневно ќе се најде на нивната трпеза и ќе ги израдува подеднакво и децата и возрасните. Презадоволни сме од нашата досегашна работа и продолжуваме со силно темпо да се пробиваме понатаму”, вели Зоран Михајлоски

16176814_10210216053469253_233372823_n

Во нивната работилница постојано владее позитивна атмосфера, а палачинките ги зачинуваат со многу љубов, песна и насмевки. Тоа е можеби дополнителната магија и тајна, што ги прави палачинките од “Стела Фуд” единствени и највкусни.

16144104_10210216056829337_473200433_n

Планот на Михајлоски е да го распространат нивниот производ низ цела Македонија и да ја пренесат таа неодолива енергија во секој град во нашата држава.

Доколку го заскокоткавме вашиот апетит, не чекајте многу, “Стела Фуд” се наоѓа на улица “Борка Лопач” број 38 во близина на хотел Салида во населбата Варош и нуди директна продажба. Цената е 30 денари за 10 парчиња. Побрзајте и купете си пресни и топли палачинки.

Во “Стела Фуд” можете да порачате уште и бели пецива, кроасани и пирошки, кои ни малку не заостануваат во квалитет и вкус.

Teлефон за контакт: 076/203-520

16143995_10210216053949265_872510627_n

Ние им посакуваме нивните планови да станат реалност и да го остварат својот сон, затоа што нивната иновативност и сенс да се почувствува нешто што не е толку распространето и да се преземе акција е за секаква пофалба.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.