Корисници од целиот свет пријавуваат проблем со услугите на YouTube пребарувачот, и неможност да се пристапи на страната.
Видеата на YouTube почнаа да ги покажуваат грешките околу 21:00 часот. Инфраструктурата на сајтот се вчитува, но самите видеа не се репродуцираат и се заменуваат со пораки за грешки кои ги молат корисниците да “се обидат повторно подоцна”.
Твитер и Фејсбук се „запалија“ од сообраќај, бидејќи корисниците се обидуваат да дознаат што се случува, но се чини дека сеуште никој не ја решил тајната. Лишени од нивната способност да гледаат и репродуцираат видео клипови, луѓето се трудат со ГИФ-ови.
WTF is happening with Youtube right now #YouTubeDOWN pic.twitter.com/moWnAiNrjY
— NintenDiddy (@DiddyNinten) October 17, 2018
DEVELOPING: YouTube Is Down For Users Worldwide
— Breaking911 (@Breaking911) October 17, 2018