Ден на отчети во општина Прилеп. Директорите на ЈП за ПУП, Марија Цветаноска, директорот на ЈП Пазари, Кристијан Илиески и командирот на Територијалната противпожарна единица, Виктор Стојчески, денеска пред граѓаните презентираа што сработиле во изминатата година.
Цветаноска меѓудругото истакна:
“На манифестацијата фестивал на пивото 2019 успешно обезбедивме паркинг простор за 6229 возила присутни на настанот и од цената на билетот за паркинг со одлука на Совет на општина Прилеп одвоивме 62.290 денари за хуманитарни цели”.