Од овој вирус е заразена пола популација, истиот предизвикува дебелина

debelina

Техниката потврди постоење на нов вирус во половина од примероците. Професорот по биоинформатика Роберт А. Едвардс вели дека не е необично да се пронајде нов вирус, туку да се пронајде во толку многу примероци.

Техниката потврди постоење на нов вирус во половина од примероците. Професорот по биоинформатика Роберт А. Едвардс вели дека не е необично да се пронајде нов вирус, туку да се пронајде во толку многу примероци.

Според истражувањето, половина од светската популација е домаќин на овој новооткриен вирус наречен crAssphage. Вирусот цели на една од најчестите желудочни бактерии која се поврзува со дебелината, дијабетесот и други желудочни болести. Се уште не се знае како вирусот се пренесува. Истражувањето е објавено во списанието „Nature Communications“.

Професорот Едвардс и неговите соработници ги користеле резултатите од претходните истражувања за желудочни вируси за да истражат нови евентуални вируси. Прегледале примерероци од фекалии од 12 поединци и во секој примерок пронашле иста вирусна ДНК која не одговарала со ниту еден познат вирус. Потоа го побарале пронајдениот вирус во базата на податоци HMP-Human Microbiome Project).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.