Познатата британска компанија одлучи да изработи роботи со човечки лик, но овој пат, сакаат да им направат “пријателски лица”.
– “Промобот” до сега изработуваше само компјутерски-генерирани лица на роботите, но ние бараме вистински луѓе од кои ќе ги земеме карактеристиките на лицето за да ги поставиме на роботите.
Тие се подготвени да платат 200.000 американски долари на оние кои ќе се одлучат да го “позајмат” своето лице.
Компанијата вели дека бара “пријателско лице”, без разлика на бојата на кожата или полот, единствениот услов е да бидете над 25 години.
Од “Промобот” се надеваат дека новата серија на роботи ќе се појави во хотели, шопинг центри и аеродроми во Северна Америка и на Блискиот Исток во 2023 година.