Мерната станица за квалитет на воздухот во Прилеп, деновиве покажува алармантни резултати. Веќе неколку вечери по ред Прилеп е со најзагаден воздух во Македонија.
Синоќа во 20:00 часот станицата покажа огромни 816 ПМ-10 честички на метар кубен, што го надмина и резултатот од четвртокот кога во 22:00 часот, мерната станица покажа исто така енормни 716 ПМ-10 на метар кубен.
Прилепчани се жалат дека загаденоста се чувствува особено во вечерните часови кога воздухот буквално мириса на саѓи, а дишењето е целосно отежнато.
Ако пред локалните избори, главното ветување на актуелниот градоначалник од СДСМ беше чист воздух и чиста животна средина, сега нема никаква стратегија и мерки за справување со оваа опасна по живот загаденост на воздухот.