Објавен јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2018 година: Пред две години го доби прилепчанец

Објавен е Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2018 година, признание што деветта година по ред го доделува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, соопшти наговиот кабинет.

Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2018 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе коишто заклучно со 2018 година навршуваат 30 години, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато значајни научни резултати.

Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиено награда или признание за научноистражувачка работа, да имаат објавени резултати од научноистражувачка работа и применетост на резултатите од научното истражување за тековната 2018 година.

Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2018 година со кои се конкурира (во еден печатен и еден електронски примерок – CD) и уверение за државјанство на Република Македонија.

Заинтересираните своите документи треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2018 година.

Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, по иницијатива на претседателот Иванов, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

Досегашни носители на признанието „Најдобар млад научник“ од 2010 до 2017 година се Никола Златанов, Трифче Сандев, Катерина Бачева, Петар Стојанов, Даниел Денковски, Михаела Ангелова, Христијан Ѓорески и Сретен Давидов.

Признанието „Најдобар млад научник“ за 2016 година, Претседателот Иванов му го додели на прилепчанецот Христијан Ѓорески




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.