Следниот телефон на Apple би можел да ја носи ознаката X и сигурно ќе биде најбрз и “најсилен” до сега. Но, по многу критики кои излегуваат во јавноста, овој телефон ќе има многу работи кои претходните телефони ги немале.
Сето тоа ќе има своја цена, а според најновите информации iPhone 8 (или без разлика како ќе се вика) ќе има најголема цена до сега. Како што дознава Fast Company, овој телефон би можел да вреди 1000 долари.
За растот на цената главен кривец би можел да биде заоблениот OLED екран кој е двојно поскап од LCD кој го користат сега. Тој 5,8 инчен модел би требало да има повеќе меморија и потрајна батерија.
Ф.Г.