Нова сезона, стари победнички патеки за прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај”: Девојките направија растур на првото Државно првенство

Успешен старт на новата натпреварувачка сезона за борачите на “7ми Мај – Златна рака” од Прилеп.

На држаниот сениорски турнир, кој викендов се одржа во Кочани, прилепскиот клуб го освои првото место во екипна женска конкуренција.

Девојките поединечно ги постигнаа следните резултати:

Елена Најдоска -50кг 3-то место
Теодора Димеска -53кг 1-во место
Михаела Богеска -53кг 2-ро место
Михаела Тодороска -57кг 1-во место
Леона Настоска -62кг 1-во место
Стефанија Перканоска -65кг 2-ро место,

Додека пак Филип Јованоски во категоријата до 86кг. покажа прекрасни борби и го освои петтото место.

-На нашите борачки и борачи им честитаме за постигнатиот успех и продолжуваме на наредниот фронт, Државното првенство за У23, каде очекуваме одлични резултати како и на ова првенство – велат од прилепскиот боречки клуб.

За пофалба се и тренерите: Стојанчо Тушески, Филип Јованоски и
Теодора Димеска, кои ги предводеа борачите и борачките на овој турнир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.