Неуништливата руска “Лада” – вози и на “Кока-Кола” без да и зариба моторот (Видео)

Руските вљубеници на автомоблите преку експеримент сакаат да докажат дека нивната Лада едно од најиздржливите возила во светот. Во моторот на Ладата ставија сол, шекер, зејтин и два литри кока-кола.

Ја запалија и таа почна да се движи без никаков проблем повеќе од еден и пол километар. Точно на 1700 метри возилото застана но моторот не беше зарибан. Филтерот за гориво и карбураторот беа полни со кока-кола.

Кога го исчистија Ладата одеше без никаков проблем и повторно „оживеа„. Навистина неуништливо возило.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.