По 37 години од формирањето, полициската единица за специјални задачи „Тигар“ станува дел од коалицискиот колач на распределба на места помеѓу СДСМ и ДУИ, пишува Нетпрес.
Според информации во МВР, станува збор за Локман Сељими, близок партиски соработник на Талат Џафери од скопско Арачиново, вработен во МВР. Сељими по случувањата на 27-ми април во македонското Собрание, во низа интервјуа за медиуми на албански јазик во Македонија и странство им порачува на Албанците „дека треба да знаат дека има луѓе во Македонија кои ја штитат нивната крв и да се обединат”, пишува порталот.
Во текот на растерувањето на граѓаните од Собранието истиот на група постари граѓани, меѓу кои и жени, им се обраќал со зборовите „не сте луѓе вие“ и грубо ги туркал.
Дали ваквото негово однесување и поделба на граѓаните на вредни за кои „има кој да им ја штите крвта“ и за „нелуѓето“ ќе придонесе за довербата и интегритетот на полициските „Тигри “ во македонското општество?
Според извори на НетПрес во МВР, сегашниот командант на Единицата, Митко Даневски, наводно бил подготвен да си поднесе оставка доколку се случи политичко наметнување на Албанец за негов заменик. Сепак, дали Даневски ќе се одважи на таков потег е дискутабилно бидејќи негов близок роднина наводно е обезбедување на Зоран Заев.
Инаку, Даневски е припадник на ЕСЗ од 2001 година кога тогашниот министер за внатрешни Бошкоски, преку кампањата „Биди Тигар, Македонија те повикува“, успеа да анимира млади и способни патриоти да застанат на браникот на татковината. Дека ЕСЗ, но и Единицата за брзи интевренции, се на менито од партиско-коалицискиот колач на Заев со ДУИ покажува и фактот дека дури 20 нови припадници Албанци се подготвуваат да влезат во ЕБР, заедно со заменик на оваа единица, исто така Албанец.
За жал, заложбите на сега веќе бившиот советник на Заев, Џезаир Шаќири алијас командант Хоџа, за добивање на податоци за сите припадници на полициските специјалци сепак ќе се реализираат одвнатре од самите единици. Моралот и мотивираноста според изјавата на Хоџа кај „Тигрите“, само ќе оди кон надолно ниво.
Извор: НетПрес