Не издржаа ниту 24 часа: Демолирана новата табла на „Воинот на коњ“ (ФОТО)

Таблата којашто вчера беше поставена на споменикот Воин на коњ, на која пишува дека припаѓа на хеленската историја, е експресно искршена.

Јавноста остро реагираше на најавата дека според договореното од Преспанскиот договор, треба да се отстранат сите симболи Сонцето од Вергина, а на спомениците како „Воин на коњ„ и „Олимпијада“ и уште неколку во неколку други градови, треба да се постават табли дека тие фигури припаѓаат на античката хеленска култура.

На таблата што беше поставена вчера на споменикот Воин на коњ, пишува: „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“.

Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.