Сте излегле со друштво и сите “добро” сте испиле алкохол. Додека седите и ја држите чашата во рака, забележувате дека еден од вашите другари се труди да ве насмее и расположи, друг им кажува вицеви на луѓето од соседната маса а третиот се скарал на шанк.
Факт е дека сите различно се однесуваат кога конзумираат алкохол. Некои знаат многу да се напијат а да се однесуваат како ништо да не било, додека други не личат на себе. Научниците утврдиле дека постојат “четири вида на алкохоличари”- Ернест Хемингвеј, Мери Попинс, Откачен професор и Мистер Хајд.
Другата категорија е Мери Попинс. Овие луѓе сакаат се да биде весело околу нив, па и тие се секогаш весели, насмеани и спремни за акција.
Третата категорија е Откачен професор. Се сеќавате на познатиот филм со Еди Марфи ? Ваквите личности едноставно не личат на себе кога пијат алкохол. Од срамежливи личности се претвораат во друштвени и сакаат да се спријателат со цела кафана.
Најлоша е категоријата Мистер Хајд. Тоа се луѓе кои со алкохол го будат својот лош брат близнак. Во многу случаи започнуаваат расправија со непознати луѓе, а често и тепачка. Тие не размислуваат рационално и способни се да прават проблеми.