Научниците го открија најчестиот симптом на коронавирусот: Не е високата температура, ниту сувата кашлица

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон заклучија дека најчестиот симптом на заразата од коронавирусот е губењето на сетилото за мирис.

Според резултатите на британските студии, губењето на способноста за препознавање на мириси било забележано кај речиси 60% од пациентите, кои потоа биле регистрирани како позитивни на Ковид-19.

“Според нашите податоци, а во комбинација со другите симптоми, кај лицата кои го губат сетилото за мирис веројатноста да се заразат од Ковид-19 е три пати поголема, па затоа е потребно тие да се самоизолираат на седум дена, како би се намалило ширењето на заразата”, истакна професорот Тим Спектор.

Ова ги донесе научниците до заклучок дека губењето на сетилото за мирис е најчестиот симптом за коронавирус и тоа пред повишената температура или сувата кашлица. Во понатамошното истражување, научниците направиле модел кој овозможува да се одреди, на основа на комбинација од симптомите, попрецизно да се прогнозира дали личноста е заразена од Ковид-19.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.