На Фејсбук се појави нова опасност

tyklfjhfghfdghfds

На Фејсбук се појави нова опасност за корисниците, што се шири по пат на пораки на оваа социјална мрежа.

Имено, некои корисници во инбоксот примиле датотека кој наликува на свг-формат, но која не соддржи слики, туку Јава скрипта. Таа Јава содржина корисниците ги насочува на лажниот Јутјуб канал, за чиј преглед би требало да се инсталира додаток за прегледи кој внесува малициозен код во компјутерот.

Станува збор за малициозен Nemucode downloader, кој во компјутерот може да внесе штетни кодови, објави „Блепинг Компјутер“.

Слична работа е забележана и на Твитер, а Фејсбук и Гугл Хром веднаш се информирани за овој проблем.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.