Мрачната тајна која се крие зад песната “Тhe show must go on” од легендарните “Queen”

Постојат неколку срцепарателни факти кога е во прашање песната “Тhe show must go on”, и секоја од поразлична од другата. Сепак, она што ги поврзува е Фреди Меркури.

Една од најпознатите песни на британската група “Queen” е поврзана за пејачот кој починал на 45-годишна возраст од сида. Многумина и понатаму мислат дека тој лично е творец на споменатиот хит од албумот “Innuendo” од 1991 година, меѓутоа приказната е потполно различна.

Основата за песната ја напишал гитаристот на бендот Брајан Меј, инспириран од борбата на Фреди со болеста, како и желбата и понатаму да настапува.

Демо верзијата ја испеал токму Меј. Болеста веќе зела замав, но тоа не го спречило Фреди да ја испее една од најпознатите песни на 20 век.

Песната “Show Must Go On” ја испеал непосредно пред својата смрт. Подгрбавен, исушен, слаб и со многу шминка на лицето и телото за да ги покрие раните, Фреди влезе во студиото. Беше под силни болки, речиси неподвижен, но сепак дојд. Испи една чаша вода и рече: “Ќе ја отпеам е*ано добро, душо”. И навистина беше така, од првиот обид – раскажал Меј.

За жал, Фреди Меркури не успеа песната да ја изведе на настап, што е една од најтажните приказни на британската група. Кратко потоа починал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.