Кампањата за претседателските избори е во полн ек. Деновиве во Прилеп посебно мобилизирани се функционерите и нововработените лица во јавната и државната администрација на СДСМ, кои ги посетуваат прилепчани во нивните домови.
Ваквата мобилизација пред се доаѓа од слабиот митинг на власта кој на првиот ден од кампањата го одржаа во Прилеп.
На фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи можат да се видат директори, раководители и функционери кои носат рекламен материјал низ прилепските населби.
Според прилепчани, активистите на СДСМ во голем број домови не биле добредојдени, особено поради зголемените сметки за вода за околу 60%, за воведената двојазичност, промената на името, но и намалените пензии и неисполнетите ветувања од актуелниот градоначалник Илија Јованоски.
Првото предупредување за локалната власт пристигна со резултатите од референдумското изјаснување, кога за промена на името на државата гласаа 20.451 прилепчани, што беше за 3.156 помалку гласови од она што го доби Јованоски како резултат на локалните избори во 2017 година.
Каков ќе биде исходот сега, останува да видиме на 21 април.