Мицкоски објави криминална афера за братот на Зоран Заев, бара реакција од Обвинителството

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  објави криминална афера за власта во Република Македонија.

-Криминалот и корупцијата сериозно го гушат нашето општество, додека во општеството се наметнуваат теми кои внесуваат етнички поделби се одвлекува вниманието кон теми од минатото без да се гледа иднината, теми кои служат за колективна хипноза во реалноста се случуваат сериозни случаи кои отвораат сомнеж за сторен криминал. Македонија се бори со криминален канцер кој го труе општеството и чии пипци навлегуваат во секоја пора, а изворот на тој канцер стига до највисоките структури на власта. Денес ќе презентирам индиции и сомнеж за постоење криминал во кои се вмешани компании на луѓе од врвот на власта. Ова е случај каде треба да се вклучи  во сите аспекти јавното обвинителство на Македонија. Обвинителството треба да провери дали е точно дека компанијата која важи за блиска до власта „СВ Инвест“ е ангажирана за под изведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола која пак претхбодно добива огромен бизнис во четири очи. Од материјалот кој може да се види фирмата врши превоз на јаглен со товарни возила кои се со јасна ознака на оваа компанија, потенцира Мицкоски.

Тој додава дека сопственик на овие камиони не е компанијата „СВ Инвест“, туку компанијата ДГИ тотал инжинеринг Струмица каде управител и сопственик е лицето вице Заев брат на премиерот Зоран Заев.

-Истите возила се со струмички регистарски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони не е „СВ инвест“, туку компанијата ДГИ Тотал инжинеринг од Струмица, каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев. Имено, во одреден временски период, на почетокот на оваа година, Обвинителството треба да провери колку пари, за која работа, низ каква процедура и во чие име работа вршеле возилата на компанијата на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев. Дали и низ каква постапка компанијата на Вице Заев врши услуга чиј краен корисник е државна компанија и зошто неговите камиони се со налепници на друга приватна компанија, обелодени Мицкоски.

Мицкоски потсетува дека компанијата СВ инвест со чии налепници се обележани камионите во сопственост на компанијата на Вице Заев, беше дел и во друг сомнителен тендер за ангажирање на работници во РЕК Битола, во четири очи, по многу повисоки цени од тие кои реално се исплаќани на работниците.

-Јавноста заслужува одговори, Македонија тоне во криминал и одговорност мора да има, порача Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.