Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник, народот врие и ќе ја казни оваа власт

Бројките кои ги имам јас и се дел од партиските мерења јасно покажуваат дека има простор за раст и јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ на следните избори може да дојде и да се надева на една таква победа, односно од 61 пратеник, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ што се емитува на Канал 5.

Мицкоски укажа дека процентите за доверба во ВМРО-ДПМНЕ се од 100 проценти. Оттука додаде тој, ако од милион и осумстотини имаме 20 проценти и ако излезноста е околу 50 проценти значи дека ВМРО-ДПМНЕ може многу лесно да дојде до тој 61 пратеник.

„Тоа ни е многу важно за да ги реализираме целите. Власта пак е онаа која на дневна основа и нејзината работа е пред судот на јавноста. Власта е таа која на дневна основа води политики кои или се добри или лоши или народот тоа го гледа. Доколку водите политика која е погрешна поддршката добиена на избори паѓа. Тоа е случај со СДСМ. Луѓето гледаат дека не е испорачано и тие се под нивниот историски минимум, а ВМРО-ДПМНЕ се консолидираше“, кажа Мицкоски.

Според него тоа е и основна задача на опозицијата.

„Консолидирање на своите гласови е основна задача и тоа го констатирате со тоа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е константен. И на избори опозицијата дава своја понуда и тогаш тој рејтинг или оди нагоре или ако понудата не е добра за бирачите оди надолу“, кажа Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.