Околу 200 матурани кои своето средно образование го завршија во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, вечерва на мала свеченост организирана во нивното довчерашно училиште, ги добија своите дипломи. Среќни и горди, полни со ентузијазам и енергија, раскажуваа за своите идни планови. Првенецот на генерацијата, Христијан Ржаникоски, посочи дека е голема честа да се биде избран за првенец на
генерација.
„Голема е честа да се биде избран за првенец на генерацијата, бидејќи тоа значи дека сме постигнале голем успех во овие четири години. Се надевам дека и понатаму ќе ме следат успеси. Ќе се запишам на Електротехничкиот факултет во Скопје“, вели Христијан.
Извор: www.prilep.gov.mk