Забавувајте се и обидете се да го најдете точното решение.
Задачата е следна:
Дадени ви се броевите 2, 5, 7 и 8. Користејќи различни начини по ваша желба, организирајте ги броевите такашто нивниот резултат да биде бројот 43.
При решавање на оваа математичка задача може да користите собирање, одземање, множење, делење и загради. Секоја од цифрите смеете да ја искористите само еднаш.
Ви звучи доволно тешко? Пробајте.
Ако се откажете или сакате да го проверите одговорот кој го дадовте во продолжение е точниот одговор.
Пробајте прво сами!
ОДГОВОР:
((8+2) х 5) – 7 = 43