Лукашенко: “Вирусот ги “фаќа” оние кои вчера пиеле алкохол, а денес пушат цигари”

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко смета дека подложни на вирусот се луѓето кои пијат алкохол и пушат цигари.

“Вие и јас (обраќајќи му се на народот) го цениме здравјето на поединци повеќи отколку што тие самите си го ценат здравјето- во тоа е нашиот проблем. Сите се смееја кога пред една година зборував дека треба да спортуваме, да трчаме, да пиеме помале и да го избегнуваме пушењето. Бог да чува, мислеа луѓето. За што ли сега зборува претседателот? А денес се уверивме дека тој несреќен вирус ги пронаоѓа оние кои вчера пиеле, а денес пушат”, изјави Лукашенко.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.