Локвенец: “Лакомите функционери ја зграбија чаршијата! ОЈО молчи и по втор исказ за злocтopничko здружение во СДСМ Прилеп?” (ВИДЕО)

Она што го зборувавме во изминатиот период излезе на виделина. Дури и оние кои најмалку веруваа сега го видоа грдото лице на оваа криминална, аздисана и лакома власт на СДСМ. Вчерашното сведоштво на наш сограѓанин, е доказ дека лакомите раце на одредени функционери на власт, сакаат за себе да го зграпчат секој метар квадратен во прилепската Стара чаршија и дополнително да го зголемат хаосот кој и така владее и го отежнува движењето на граѓаните. – истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Дали конечно Основното јавно обвинителство ќе се одважи и ќе покрене постапка по допрен глас, за злосторничкото здужување кое го спомна истакнат активист на СДСМ пред премиерот Заев, како и за вчерашните наводи дека политички и полициски структури изнудуваат рекет во Прилеп?

Kaде се и зошто се кријат првите луѓе на власта во Прилеп, Илија Јованоски и Миле Талески, или пак можеби тие се луѓето кои директно управуваат со злосторничкото здружение кое пустоши во градот?
До кога ќе трае овој терор и има ли нешто што конечно ќе ги засити апетитите на владеачките структури и нивните извршители?

Од друга страна на виделина излезе и најголемиот проблем кој го прават овие огромни летни бавчи, а тоа е загрозување на животот на граѓаните. Пред неколку дена граѓаните беа сведоци како возило на брзата помош беше принудено да заобиколува за да пристигне во срцето на чаршијата и да интервенира. За тоа ви приложуваме и фотографии.

Почитувани,

Како политичка партија која со отворени очи ги следи ваквите немили случувања, можеме да констатираме дека градот ни е под целосна окупација и само прашање на време е кога револтот на граѓаните целосно ќе исплива на површина.

Ниту високиот пораз кој СДСМ го доби во Прилеп на претседателските избори, ниту најавената метла на Зоран Заев не ги опаметува овие луѓе.

Сепак, одговорност кога тогаш мора да има и ќе има. Разбеснетите и нервозни властодршци и нивните пулени ќе се соочат со правдата и делата кои ги извршиле.

Нивните денови се избројани, нивната намера е прочитана и граѓаните ги проценија колку вредат”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.