Лепа Брена наредниве месеци ќе има на што да се радува. Ѝ претстојат два големи концерти, но и раѓање на бебето на синот Филип Живојиновиќ и Александра Пијовиќ.
Колку е среќна поради приновата покажала и во неодамнешното интервју кога не можела да ги сокрие солзите и кога открила емотивни и преубави детали за своите чувства, но и спомени од животот.
-Не им пеев на децата песни за спиење, затоа што не сакаа, но сакаа да им аскажувам приказни. Виктор обожаваше да му ја раскажувам „Црвенкапа“. Како дете беше хиперактивен, јас ќе му раскажам еднаш, а он ќе побара повторно. Па едно пет пати ќе ја раскажам, а он пак не заспива. Стефан сакаше да гледа цртани, Јас сум секогаш тука за моите деца и за внуците. Верувам дека ќе се грабаме за бебето, но бидејќи не има многу, треба да бидеме витални за да помагаме на мајката да работи – рекла Брена.