ЛДП и ДОМ ги напyштиja CДCM и Д У И во Гpaд Cкопје? Нивните советници глacaa за Трајко Славевски да биде претседател на Советот

Советниците на ЛДП и ДОМ во Советот на Град Скопје на денешното гласање му дадоа поддршка на професорот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ да биде нов Претседател на градскиот совет.

На гласањето, Славески доби поддршка и од мнозинството Советници во највисокиот орган на главниот град кој според претходно направениот коалициски договор го сочинуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива и Левица.
Советниците на независната листа на Зелен хуман град гласаа воздржано.

Двајцата советници на коалицијата на Одлучно за промени на ЛДП и ДОМ потенцираа дека нивната поддршка за Славески е само слика за нивната конструктивност во Советот. Најавија дека во иднина ќе делуваат како независни советници кои првенствено ќе бидат во опозиција




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.