“Кој полнеше кутии во неделата во Десово ИМ 1459!?”

Референдумските нерегуларности полека излегуваат на виделина, по неуспешниот референдум.

Ако во западниот дел на Република Македонија во неколку избирачки места се стаса до 98% излезност, на ова не останаа имуни и неколку села од долненска општина.

Најдрастичен е примерот со селото Десово каде излегле на гласање наводно повеќе од 500 мештани, но огромни се реакциите на голем број жители, дека се фалсификувани потписи од лица кои воопшто не биле во селото, а не пак да отидат на гласање?

Се шпекулира дека ова е дело на еден член на изборната комисија во соработка со набљудувач од МОСТ!?.

Деновиве “оштетените” ќе бараат истрага од МВР и вештачење на нивните потписи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.