Новинар на популарната германска телевизија „ЗДФ“ известуваше од покрај теренот додека во тек беше загревањето на репрезентацијата на „панцирите“.
За несреќа на репортерот, една од топките со голема сила го удри по главата, а за среќа не му остави некои последици, па новинарот продолжи со водењето на отворената програма.